25.01.2022 Пристигна нова пратка на FEBEST !

Услови и правила


ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ И УСЛОВИ НА УПОТРЕБА

 

1.ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Прибирањето на сите податоци од оваа веб страна се во согласност со законите за заштита на личните податоци.


 

Собирање и обработка на лични податоци.

Прибирање на податоци и употреба на тие податоци. Лични информации се информации кои идентификуваат одреден краен корисник. Кога ќе се вклучите во некои активности на веб-страница, како на пример креирање на профил, порачување производ, додавање на содржина и/или објавување на содржина во форуми за дискусија, пријавување на натпревар или игра спонзорирана од нас или нашите партнери, пополнување на анкета, објавување на мислење, испраќање на нас или нашите партнери повратни информации, барање информации за нашите услуги, поднесување на договор за соработка, објавување на видео или регистрирање за специјални понуди, може да побараме да обезбедите некои информации за Вас.

 

Користење и чување на личните податоци

Вашите лични податоци ќе бидат користени исклучиво за техничките потреби на веб-продавницата, за да Ви овозможимепристап до специфични информации, или за општа комуникација со вас.

Ние ги користиме личните информации за да Ви обезбедиме производи и услуги, за да го подобриме работењето на веб-страната, за да ги подобриме нашите маркетиншки и промотивни напори, за да ја анализираме корисноста на веб-страната, за да ги подобриме нашите понуди за производи и услуги.

 КУПИ АВТОДЕЛОВИ го задржува правото да Ви испраќа промотивни е-маил пораки со нови понуди и останати промотивни материјали. Доколку не сте согласни да примате е-маилови од нас се што треба да направите е да одговорите на нашиот мејл и веднаш ќе ја отстраниме Вашата адреса од мејлинг листата.

 Ако пратите на нашата служба за корисници е-маил, ние може да ги употребиме вашите коментари и повратни информации да им кажеме на другите за нашите услуги, или да го поставиме Вашиот коментар во нашите маркетиншки материјали, или на нашата интернет страна. Вашите коментари може да содржат лични информации како што е на пример вашето име, ние ќе побараме согласност од Вас за да го објавиме Вашето име заедно со Вашиот коментар, пред објавувањето на Вашиот коментар пред јавноста.Ние, исто така може да ги користиме личните информации заради решавање на проблеми, решавање на спорови, остварување на административни задачи, контакт со Вас, спроведување на нашите договори со Вас, вклучувајќи ги и нашите вебсајт Услови на користење и оваа Политика за заштита на лични податоци, во согласност со применливиот закон.

Нема да ги продадеме ниту откриеме вашите лични податоци на трета страна, ниту било каде на пазарот. Вработените во  КУПИ АВТОДЕЛОВИ се обврзани да ја почитуваат доверливоста на Вашите податоци.


 

Слобода на избор

Вие самите ги контролирате информациите што ги давате на  КУПИ АВТОДЕЛОВИ. Ако одберете да се вклучите во некоја активност за идентификација, може да побараме од Вас да обезбедите одредени лични податоци, како на пример: име и презиме, поштенска адреса (вклучувајќи и поштенски код), е-мејл адреса, телефонски број и датум на раѓање.Во зависност од активноста, некои од информациите се задолжителни, а некои се идентификувани како доброволни.Во секој случај, ако одлучите да не ги оставите вашите податоци, Ве молиме имајте предвид дека нарачката нема да може да биде во целост извршена.

 

Измена на податоците на корисникот

Можете да промените било која од вашите лични информации, со едноставно логирање на Вашиот профил и пристапување на "мојот профил", секцијата од сајтот, или можете да ни пратите е-мејл на kupiavtodelovi@gmail.com Ние ве охрабруваме веднаш да ги ажурирате Вашите лични информации доколку се променат. Вие може да побарате да бидат отстранети информациите за вашиот профил но сепак, бидејќи ние чуваме податоци за изминатите трансакции, не можете да ги избришете информациите поврзани со изминатите трансакции на веб-страната. Покрај тоа, може да биде невозможно за нас комплетно да ги избришеме сите ваши информации, бидејќи ние периодично правиме резервна копија на базата на податоци. 
 

Безбедност

 

  КУПИ АВТОДЕЛОВИ се обврзува да ја заштити безбедноста на Вашите лични податоци. Вашите податоци се чуваат од  губење, уништување, фалсификување и неовластен пристап.

 

2. УСЛОВИ НА УПОТРЕБА

Го задржуваме правото на употреба на сите материјали објавени на оваа веб страна.  Забранета е секоја репродукција, трансфер, дистрибуција или чувањена дел или целосната содржина без претходна писмена согласност, освен за лични и некомерцијални цели.

 

Секоја неовластена употреба е заштитена со постојното законодавство за заштита на авторски права. 

Нарачки за карго се примаат до 15.20 часот